АК Партијата предлогот за укинување на пратеничкиот имунитет го достави до Собранието

За усвојување на предлогот се потребни најмалку 367 гласа на пратениците, но доколку се добијат најмалку 330 гласа предлогот може да се постави на референдум

469869
АК Партијата предлогот за укинување на пратеничкиот имунитет го достави до Собранието

АК Партијата предлогот за измена во Уставот во врска со укинувањето на пратеничкиот имунитет на оние пратеници за кои постои досие со барање за покренување судска постапка го достави до Големото Народно Собрание ан Турција (ТБММ).

Предлог-законот за измена во Уставот на Република Турција потпишан од страна на 316 пратеници на АК Партијата на чело со премиерот Ахмет Давутоглу и потпретседателите на Пратеничката група на АК Партијата предвидува додавање на еден привремен член во Уставот.

Политичките партии во Собранието не можеа да се договорат по прашањето на укинување на пратеничкиот имунитет по што владејачката АК Партија соопшти дека ќе го достави својот предлог по ова прашање до Собранието.

За усвојување на предлогот се потребни најмалку 367 гласа на пратениците.

Доколку се добијат најмалку 330 гласа пак предлогот може да се постави на референдум.



Слични вести