Претседателот Ердоган поднесе кривична пријава против Јан Бомерман

Јавното обвинителство на Мајнц истакна дека пристигнала кривичната пријава на Република Турција против Јан Бомерман поради извршено кривично дело навреда согласно членот број 185 од германскиот кривичен закон

469216
Претседателот Ердоган поднесе кривична пријава против Јан Бомерман

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган поднесе кривична пријава против телевизискиот водител и комичар Јан Бомерман кој во емисија на германскиот јавен телевизиски сервис ЗДФ рецитираше навредлива песна против него.

Во објавеното соопштение од јавното обвинителство на Мајнц се истакнува дека пристигнала кривичната пријава на Република Турција против Јан Бомерман поради извршено кривично дело навреда согласно членот 185 од германскиот кривичен закон.

Во соопштението се вели дека поднесената кривична пријава која била доставена со посредство на едно адвокатско биро се однесува на рецитираната песна со јасна навреда и омаловажување на емисијата на телевизискиот канал ЗДФ „ЗДФ Нео Ројал“ емитувана на 31 март.

Турција претходно по ова прашање му врачи протестна нота на германското министерство за надворешни работи и беше побарано да се покрене судска постапка против Јан Бомерман согласно членовите 103 и 185 од Германскиот кривичен закон.

Потоа портпаролот на германската влада Штефан Сеиберт изјави дека одлуката по ова прашање ќе биде донесена за неколку дена, додека германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека независно од тоа дали оваа програма им се допаѓа или не на гледачите тоа претставува свесна навреда.

Јавното обвинителство на Мајнц ​исто така минатата недела покрена истрага против Јан Бомерман со обвинување за навреда на претставници на странски држави или органи.



Слични вести