Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш ги посети историските знаменитости на Мостар

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш во Мостар допатува по повод 19-от Меѓународен саем на стопанството-Мостар 2016

469625
Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш ги посети историските знаменитости на Мостар

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш кој престојува во посета на Босна и Херцеговина ги прошета историските знаменитости на Мостар.

Притоа Куртулмуш рече дека да се види оти Мостар е обновен и волку добро уреден претставува гордост за Турција.

Нагласувајќи дека Мостар особено во последните неколку години е доведен во уште подобра состојба и од порано, Нуман Куртулмуш напомена дека Турција реставрира и наново изгради голем број Османлиски дела на чело со Коски Мехмед-Пашината џамија и мостот на Мостар.

Куртулмуш рече дека и во наредниот период ќе бидат реставрирани и другите турски траги во Мостар и ќе бидат обновени уште еден дел од овдешните дела.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш во Мостар допатува по повод 19-от Меѓународен саем на стопанството-Мостар 2016.

Правејќи проценка на придонесите кои што ќе ги обезбеди Меѓународниот саем на стопанството, Куртулмуш рече: „Се навдем дека обновата на Мостар ќе има мошне голем придонес и од аспект на неговата изградба. Се надеваме дека овој саем ќе обезбеди значаен придонес за унапредување до уште повисок степен на односите на Турција и со регионот Херцеговина и со градот Мостар.

Инаку Турција за прв пат учествува како земја партнер на Меѓународниот саем на стопанството-Мостар.

На саемот за кој не постои одредена ограниченост во сектори учествуваат голем број фирми од 24 земји во светот кои што делуваат во голем број различни сфери на чело со градежништвото, автомобилскиот сектор, електротехниката и електрониката и телекомуникацијата.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш во рамките на својата посета на Мостар по повод саемот ќе оствари и низа билатерални средби и разговори.



Слични вести