Нов претседател на Централната банка на Турција Мурат Четинкаја

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека е потпишан владиниот декрет за назначување на Мурат Четинкаја за Нов претседател на Централната банка на Турција

469439
Нов претседател на Централната банка на Турција Мурат Четинкаја

Нов претседател на Централната банка на Турција е Мурат Четинкаја...

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш по седницата на Владата што се одржа вчера во градот Шанлиурфа истакна дека е потпишан владиниот декрет за назначување на Мурат Четинкаја за Нов претседател на Централната банка на Турција.

Инаку Мурат Четинкаја е најмладиот член на Советот за монетарна политика.

Мандатот на сегашниот претседател на Централната банка Ердем Башчи кој стапи на должност на 11 април 2011 година истекува на 19 април.

Ердем Башчи ќе биде назначен за амбасадор на Турција во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во меѓувреме берзите во Турција реагираа позитивно на веста за назначување на Мурат Четинкаја за нов претседател на Централната банка.

Курсот на доларот опадна, берзата вчерашниот ден го заврши со раст од 1.485 поени, акциите добија просечна вредност од 1,80-отсто и водечкиот индекс на Берза Истанбул БИСТ 100 денот го започна со 83.987 поени.



Слични вести