Мевлут Чавушоглу: Најголемата штета ја претрпуваат муслиманите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека братските кавги на исламската географија предизвикуваат големи болки и дека на крајот најголемата штета ја претрпуваат муслиманите

469746
Мевлут Чавушоглу: Најголемата штета ја претрпуваат муслиманите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Конгресниот центар Халич во Истанбул им се обрати на претставниците на земјите членки учеснички на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи кој е во својство на подготовка за 13-от самит на Организацијата за исламска соработка што ќе се одржи на 14 и 15 април, во четвтрок и петок, во Истанбул.

Чавушоглу истакна дека братските кавги на исламската географија предизвикуваат големи болки и рече: „Секташтвото го распарчува исламот, граѓанските војни и вооружените судири му се закануваат на нашиот мир и нашето спокојство. Нашата стабилност е на мета на тероризмот и екстремните движења. На крајот најголемата штета ја претрпуваат муслиманите. Оваа состојба не може да се прифати. Не можеме да останеме безгласни пред една ваква слика.“

Нагласувајќи дека целиот свет има потреба од правда и мир, Мевлут Чавушоглу истакна дека најмногу потреба од единство и солидарност има исламскиот свет.

Чавушоглу кажа на тоа дека завршната декларација која што ќе биде објавена на крајот на самитот ќе ги одрази заедничкиот став и ставот пред глобалните прашања во правец на проблемите кои влијаат на мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.

Велејќи дека едниот од најзначајните успеси на самитот ќе биде документот „ОИС-2025: Програма за акција“ со која ќе биде зацртана маршрутата на Организацијата за исламска соработка (ОИС) за наредните 10 години, Мевлут Чавушоглу напомена дека до овие цели ќе може да се достигне со соработка и солидарност и дека исто така и Турција ќе ја преземе целата одговорност по ова прашање.

Осврнувајќи се и на ситуацијата во Сирија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека едната од најголемите болки во историјата на светот се доживува во Сирија и дека зулумот што го врши Асадовиот режим е дојден во положба на слика на срамот во име на човештвото.

Чавушоглу нагласи дека посакува во најскоро време да биде ставена во примена соодветна политичка трансформација која ќе одговара на очекувањата на сирискиот народ на основа на декларацијата од Женева.

На 14 и 15 април, во четврток и петок, во Истанбул ќе се одржи годинашниот 13-ти по ред самит на Организацијата за исламска соработка која брои 57 земји членки.

На годинашниот самит што ќе се одржи на тема „Единство и солидарност за правда и мир“ ќе бидат разгледани ризиците и заканите со кои што се соочува исламскиот свет и методите за решавање на истите.

Самитот свечено ќе биде отворен од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, а исто така Турција ќе го преземе привременото претседателствување со Организацијата за исламска соработка (ОИС)​ од сегашниот претседавач Египет.



Слични вести