Во Атлантскиот Океан во близина на Нигерија киднапирани 6 турски морнари

Морските пирати во водите на Атлантскиот Океан во близина на Нигерија нападнаа турски танкер и киднапираа 6 турски морнари

468833
Во Атлантскиот Океан во близина на Нигерија киднапирани 6 турски морнари

Турски танкер кој пловеше во водите на Атлантскиот Океан во близина на Нигерија беше нападнат од страна на морски пирати.

Пиратите ги киднапираа 6-те турски морнари кои се наоѓаа на танкерот по име M/T Puli долг 148 метри кој пловеше под знамето на Малта.

Настанот се случил во 04:00 часот според турско време.

Соопштени се и имињата на киднапираните турски морнари, членови на екипажот на танкерот и тоа Илкај Олгун (Капетан), Халук Буран (Втор капетан), Фуркан Топчу (Трет капетан), Мехмет Бабаџан (Главен машинист), Шукру Домбек (Електричар), Ерај Фалај (бродски мајстор).

Не е познато каде биле однесени киднапираните турски морнари, додека во објавеното соопштение од страна на фирмата Каптаноглу која била сопственик на танкерот беше истакнато дека здравствената состојба на киднапираните турски морнари била добра и дека танкерот исто така продолжувал да плови безбедно.

Во објавеното соопштение и од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека било стапено во контакт до министерството за транспорт, поморство и комуникација и до другите надлежни органи и институции и дека јавноста ќе биде информирана за развој на ситуацијата во врска со прашањето.



Слични вести