Турција се докажа како добар организатор на меѓународни спортски манифестации

Претседателот Ердоган истакна дека Турција со приредените 659 меѓународни спорстки организации чиј домаќин беше во изминатите 13 години ја докажа својата способност и умешност во оваа сфера

468414
Турција се докажа како добар организатор на меѓународни спортски манифестации

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера учествуваше на свеченото отворање на новизградениот стадион на Бешикташ во Истанбул (BJK) „Водафон Арена“.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа прилика истакна дека Турција со приредените 659 меѓународни спорстки организации чиј домаќин беше во изминатите 13 години ја докажа својата способност и умешност во оваа сфера.

Нагласувајќи дека продолжува изградбата на уште 14 стадиони во различни градови, Ердоган напомена дека освен тоа продолжуваат и подготовките во врска со уште 9 стадиони чии градбени активности исто така ќе започнат за кусо време.

Ердоган истакна дека бројот на турски лиценцирани спортисти од 278 илјади се зголеми на 6 милиони 225 илјади, а бројот на спортски клубови од 6 илјади се зголеми на 14 илјади.

Истакнувајќи дека е постигант сериозен напредок по прашањето на подготвување на спортисти за олимпијадите и изградбата на неопходната инфраструктура по ова прашање, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека голем број градови од Анталија до Трабзон и до Мерсин располагаат со значајно искуство и со спортски објекти за организирање на спортски натпревари и организации во меѓународни рамки.

Претседателот Ердоган рече дека Бешикташ ја доби задоцнетата награда и се стекна со стадион кој одговара на славата на клубот на „црниот орел“.

Ердоган после свечениот говор слезе на игралиштето и симболично ја шутира првата топка која ќе се тркала на новиот стадион.

На свеченоста освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваа и премиерот Ахмет Давутоглу, министри, поранешниот претседател Абдулах Ѓул, претседателот на турската Фудбалска Федерација Јилдирим Демирорен, претседателот на фудбалскиот клуб Бешикташ Фикрет Орман и други истакнати личности од спортскиот живот.​



Слични вести