Ранетиот полицаец пред два дена во Нусајбин-Мардин го загуби животот

Полицискиот службеник Серкан Јилмаз ќе биде испратен во неговиот вечен дом во неговото родно место во градот Кахраманмараш

468662
Ранетиот полицаец пред два дена во Нусајбин-Мардин го загуби животот

Ранетиот полициски службеник Серкан Јилмаз за време на вчерашните операции на безбедносните сили против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Нусајбин во округот Мардин, и покрај сите напори на лекарите во Воената медицинска академија Ѓулхане во Анкара (ГАТА) каде што беше префрлен на лекување, им подлегна на раните и го загуби животот.

Полицискиот службеник Серкан Јилмаз ќе биде испратен во неговиот вечен дом во неговото родно место во градот Кахраманмараш.

Серкан Јилмаз пред две недели беше верен и 5 години како ја извршуваше својата задача како полицаец.



Слични вести