Претседателот Ердоган го пречека саудискиот крал Салман на аеродромот

Претседателот Ердоган кој за време на неговата неодамнешна посета на Саудиска Арабија од страна на кралот Салман Бин Абдулазиз Ал-Сауд беше пречекан на аеродромот исто така својот гостин го пречека на аеродромот Есенбога во Анкара

469102
Претседателот Ердоган го пречека саудискиот крал Салман на аеродромот

На покана на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал-Сауд во попладневните часови допатува во посета на Анкара.

Претседателот Ердоган кој за време на неговата неодамнешна посета на Саудиска Арабија од страна на кралот Салман беше пречекан на аеродромот во Ријад исто така својот гостин го пречека на аеродромот Есенбога во Анкара.

На свечениот пречек присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и други високи функционери.

На разговорите кои што ќе бидат остварени во рамките на официјалната посета на саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал-Сауд освен за билатералните односи ќе стане збор и за актуелни регионални и меѓународни прашања.

Саудискиот крал Салман по своите средби и разговори во Анкара од денеска до 13 април во среда, ќе отпатува за Истанбул каде што на 14 и 15 април ќе учествува на 13-от самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС).



Слични вести