„Пратениците кои и носат оружје на терористичката организација треба да бидат изнесени пред суд“

Претседателот Ердоган истакна дека со укинување на пратеничките имунитети се има за цел да бидат изнесени пред суд пратениците кои и носат оружје на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

468943
„Пратениците кои и носат оружје на терористичката организација треба да бидат изнесени пред суд“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во Конгресниот центар Халич во Истанбул учествуваше на Конгресот за урбана обнова и умни градови и во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека за судење на еден осомничен пратеник не може да се чека да му заврши пратеничкиот мандат.

Ердоган напомена дека со укинување на пратеничките имунитети се има за цел да бидат изнесени пред суд пратениците кои и носат оружје на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Претседателот Ердоган го истакна следното: „Кога ќе се рече 'да бидат укинати пратеничките имунитети' подразбираат 'укинување на имунитетот на сите пратеници. Вистината не е таа. Тоа значи веднаш да биде изнесен пред суд пратеникот за кого постои дозвола за покренување на судска постапка. Во спротивно како би можеле да чекаме да му заврши пратеничкиот мандат на оној пратеник кој со своето возило и дури во мртовечки ковчези и носи оружје на терористичката организација.“

Ердоган напомена дека терористите копаат ровови и канали за спречување на безбедносните сили да влезат во местата каде се наоѓаат и рече: „Сепаратистичко-терористичката организација од јули досега во различни наши населени места во Југоисточно-анадолската област применува нечовечки и неморални методи и ги оштетува нашите граѓани. Локалните самоуправи во оваа област исто така машините и средствата кои би требало да ги користат за услуга на народот им ги ставија во услуга на терористите и го поддржаа овој зулум.“

Истакнувајќи дека градовите каде што продолжуваат операциите против терористите по пат на урбана обнова освен од тероризмот ќе бидат исчистени и од негативните услови кои што им овозможуваат на терористите да делуваат слободно, претседателот Ердоган рече: „Државата освен да гради објекти истовремено има задача да ги гради и срцата. Мораме да ги зајакнеме довербата, приврзаноста и вербата на нашите граѓани кон државата.“




Слични вести