Сочувство од Турција за загинатите во пожарот во Индија

МНР на Турција објави соопштение во кое се изразува сочувство за загинатите во пожарот во еден храм во Индија во кој животот го загубија повеќе од 100 лица, а повеќе од 200 лица беа повредени

468332
Сочувство од Турција за загинатите во пожарот во Индија

Министерството за надворешни работи на Турција изрази сочувство до блиските на загинатите во пожарот што се појави во магацинот за пиротехнички материјали во еден храм во провинцијата Керала во Индија.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Со длабоко жалење ја дочекавме веста дека во пожарот што се случи денеска (10 април) наутро во магацинот за пиротехнички материјали во храмот Путингал во кој животот го загубија повеќе од 100 лица, а повеќе од 200 лица беа повредени.“

Во соопштението се вели дека се изразува сочувство до индиската влада и индискиот народ, како и до блиските на загинатите во пожарот, а на повредените им се посакува побрзо оздравување.



Слични вести