Порака со честитка од претседателот Ердоган до Турската полициска служба

Претседателот Ердоган во пораката со честитка до генералниот директор на полицијата Џелалеттин Лекесиз го напиша следното: „Турската полициска служба е нашата најголема доверба во одбраната на спокојството, сигурноста и стабилноста во земјата“

468265
Порака со честитка од претседателот Ердоган до Турската полициска служба

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган испрати порака со честитка по повод одбележувањето на 171-вата годишнина од формирањето на Турската полициска служба.

Претседателот Ердоган во пораката со честитка што ја испрати до генералниот директор на полицијата Џелалеттин Лекесиз го напиша следното: „Турската полициска служба е нашата најголема доверба во одбраната на спокојството, сигурноста и стабилноста во земјата.“

Ердоган истакна дека полициските сили работат самопожртвувано со верност кон уставот и законите и дека рамо до рамо со граѓаните даваат услуга во задачи како што се одбрана на јавниот поредок и воспоставување на јавниот ред и мир.

Велејќи дека Полициската служба е институција кон која граѓаните можат да се обратат во доверба, претседателот Ердоган рече: „Ќе продолжиме да ја поддржуваме секоја иницијатива за унапредување до повиок степен на нашата Полициска служба.“



Слични вести