„Оние кои сакаат исламот и ДЕАШ да ги постават на иста страна нека погледнат кон историјата“

Премиерот Давутоглу истакна дека оние кои сакаат исламот и терористичката организација ДЕАШ да ги постават на иста страна нека погледнат кон историјата

468066
„Оние кои сакаат исламот и ДЕАШ да ги постават на иста страна нека погледнат кон историјата“

Премиерот Ахмет Давутоглу синоќа во Анкара учествуваше на свеченото отворање на манифестациите по повод одбележувањето на Неделата на раѓањето на Хазрети Пејгамберот ​во организација на Управата за верски прашања чија тема оваа година гласи „Хазрети Пејгаберот, Тевхидот-Аллаховото единство и Вахдетот-единството“.
Давутоглу истакна дека оние кои сакаат исламот и терористичката организација ДЕАШ да ги постават на иста страна нека погледнат кон историјата.
Велејќи дека најзначајната разлика на исламот е таа што човекот целосно му се препушта-оддава на Аллах, премиерот Давутоглу рече: „Оние кои еднаш ќе му се предадат на Аллах со тевхид-со прифаќање на негово единство, не му се предаваат и покоруваат никому. Оние кои денеска сакаат исламот и терористичката организација ДЕАШ ги постават на иста страна или оние кои сакаат исламот да го прикажат како религија која ги понижува и навредува жените, нека погледнат кон историјата. Почиттта кон Хазрети Хатиџе и Хазрети Ајше кај исламот не била голема колку кај жените во ниту една религија и ниту едно верување. Нека погледнат кон историјата па дури и кон модерното време каква почит имале жените. До 19-от век во западната филозофија се дискутираше дури за тоа дали жените имаат дух и се одржуваа церемонии за палење на жените за бркање на ѓаволот од телото на жената за која се велеше дека во нејзиниот дух влегол ѓаволот. Ние пак доаѓаме од традиција со која љубовта што ја гаиме кон Пејгамберот ја чувствуваме и кон неговата мајка Амине.“

Премиерот Ахмет Давутоглу совојот говор по повод одбележувањето на Неделата на раѓањето на Хазрети Пејгамберот го продолжи со следните зборови: „Меѓу нас не може да продре ниту менталитетот на терористичката организација ДЕАШ, а не може да продре ниту еден раздор кој ќе посака да ја уништи љубовта меѓу нас. Нашата разлика е во тоа. Овде е вахдетот-единството и вахдетот е последната станица на оној кој верува во тевхидот-Алаховото единство. Овој тевхид започнува со љубовта кон Аллах.“



Слични вести