Делегација на ЕУ на разговори во Истанбул по прашањето на бегалците

Значајна делегација на ЕУ престојува на разговори во Истанбул по прашањето на примената на договорот за бегалци меѓу Турција и ЕУ

468171
Делегација на ЕУ на разговори во Истанбул по прашањето на бегалците

Во период кога продолжува процесот на примање на илегалните мигранти во посета на Турција престојува значајна делегација од ЕУ.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за ЕУ и главен преговарач со ЕУ Волкан Бозкир во Истанбул се состана со делегација на ЕУ предводена од холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс чија земја ја извршува функцијата привремен претседавач со ЕУ, а во која се наоѓаа и словачкиот министер за надворешни работи и министер за европски прашања Мирослав Лајчак, државниот секретар на Франција одговорен за европски прашања Харлем Десир и португалскиот државен секретар одговорен за европски прашања Маргарита Маркес.

Пред состанокот што се одржа во сарајот Чираган во Истанбул министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс чија земја ја извршува функцијата привремен претседавач со ЕУ​ дадоа изјава за претставниците на печатот.

Мевлут Чавушоглу рече:​ „Спречувањето на илегалната миграција и поттикнувањето на легалната и контролираната миграција се значајно прашање меѓу ЕУ и Турција. Располагаме со патна карта по ова прашање кое што почна да се применува од 4 април. Ќе направиме проценка на тоа како се одвиваше и како ќе се одвива оваа примена.“

Холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс чија земја ја извршува функцијата привремен претседавач со ЕУ​, кој говореше во име на делегацијата на ЕУ пак привлекувајќи внимание кон гостопримството што Турција го покажува кон бегалците рече: „Гостопримството на Република Турција и турскиот народ ионака се појави на преден план со прифаќање на над 2 милиони бегалци. Веќе како и што се договоривме сакаме да ставиме крај на економијата со криумчарење на луѓе и да ги спречиме човечките загуби.“

На средбата стана збор за односите меѓу Турција и ЕУ и случувањата во однос на актуелни регионални и меѓународни прашања.



Слични вести