„Доколку ЕУ не ги исполни своите ветувања и Турција нема да го применува договорот за реадмисија“

Претседателот Ердоган во својот говор истакна дека доколку ЕУ не ги исполни своите ветувања и Турција нема да го применува постигнатиот договор за реадмисија на 18 март

466450
„Доколку ЕУ не ги исполни своите ветувања и Турција нема да го применува договорот за реадмисија“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по повод одбележувањето на 171-вата годишнина од формирањето на Полициската служба во претседателската палата во Бештепе во Анкара им се обрати на полицајците.

Ердоган во својот говор истакна дека доколку ЕУ не ги исполни своите ветувања и Турција нема да го применува постигнатиот договор за реадмисија на 18 март.

Ердоган рече: „Доколку ЕУ не ги фрли неопходните чекори точките од договорот кои што ќе поминат од мое одобрение нема да бидат одобрени, бидејќи се ќе се применува согласно она кое што стои во текстот на постигнатиот договор.“

Потсетувајќи дека најзначајна цел на постигнатиот договор на 18 март е да се спречат човечките загуби во Егејското Море и илегалната миграција да се замени со легална миграција, претседателот Ердоган појасни дека Турција во замена на секој примен илегален мигрант ќе обезбеди во земјите на ЕУ да биде испратен еден уредно регистриран-згрижен мигрант Сириец.

Ердоган рече: „Оваа размена ќе продолжи додека да се достигне бројката од 72 илјади лица, а потоа повторно ќе се преговара со ЕУ.“

Истакнувајќи дека ЕУ вети оти за обезбедување на потребите на Сиријците во Турција ќе достави финансиска поддршка од вкупно 6 милијарди евра, претседателот Ердоган рече: „Всушност ЕУ со овие чекори кои што ќе ги фрли макар и за малку ќе ја исполни онаа нејзина одговорност која што требаше да ја исполни многу порано. Но не велам дека ја исполни оваа нејзина одговорност.“

Ердоган го подвлече и следното: „Доколку ЕУ не се придржува кон договорот и Турција нема да го применува истиот.“

Велејќи дека со тоа што се вели оти Турција ќе ги прими сите мигранти кои што ќе бидат вратени и ќе стане тампон зона се настојува да се создаде извесна вознемиреност, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и тоа дека не е можно да дојде до тоа, а бидејќи реадмисијата може да се оствари само со согласност на земјата на која се однесува.



Слични вести