Турската поддршка на Азербејџан ќе продолжи и во иднина

Турција со сите 78 милиони граѓани ќе продолжи со поддршката на Азербејџан се додека не се ослободат сите окупирани територии, вклучувајќи ги и териториите на Нагорно Карабах

465357
Турската поддршка на Азербејџан ќе продолжи и во иднина

Премиерот Ахмет Давутоглу уште еднаш подвлече на турската поддршка на Азербејџан против агресивноста и окупацијата на Ерменија.

Во говорот на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП) во Големото национално собрание на Турција, премиерот Давутоглу во врска со судирите на фронталната линија во Нагорно Карабах кои започнаа со ерменскиот напад рече дека активно го следат процесот и ги проколнуваат нападите.

Секој херој што гине во братски Азербејџан е и наш херој, наша душа, рече премиерот Давутоглу и додаде дека турската поддршка на Азербејџан ќе продолжи и во иднина.

Турција со сите 78 милиони граѓани ќе продолжи со поддршката на Азербејџан се додека не се ослободат сите окупирани територии, вклучувајќи ги и териториите на Нагорно Карабах. Се надеваме дека ќе дојде ден кога братски Азербејџан во рамките на територијалиот интегритет ќе ја оконча борбата за независност и сувереност.

Во освртот на борбата против паралелната структура и терористичката организација ПКК, премиерот Давутоглу рече дека нема разлика меѓу двете организации.

Двете се непријатели на државата, народот, демократијата. Двете организации се кукли во рацете на сите оние мрачни сили кои сакаат да пропадне и да се уништи Турција.

Премиерот Ахмет Давутоглу меѓудругото додаде дека во секоја прилика ќе оди во посета на Источна и Југоисточна Анадолија и дека на 11 април планира да престојува во посета на Шанлиурфа.

Во Шанлиурфа ќе го одржат првиот владин состанок надвор од Анкара, рече премиерот Давутоглу и потенцираше дека во текот на неделава се очекува да завршат активностите за доделување Медал за независност.



Слични вести