„Треба да бидат преземени сите неопходни мерки вклучувајќи и одземање на државјанството“

Петседателот Ердоган истакна дека против приврзаниците на терористичата организација треба да бидат преземени сите неопходни мерки вклучувајќи и одземање на нивното државјанство

465509
„Треба да бидат преземени сите неопходни мерки вклучувајќи и одземање на државјанството“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера по повод 5 април одбележувањето на Денот на адвокатите ги прими во претседателската палата во Бештепе во Анкара адвокатите кои дојдоа од различни градови на земјата.

Во говорот што го одржа во оваа прилика претседателот Ердоган истакна дека против приврзаниците на терористичата организација треба да бидат преземени сите неопходни мерки вклучувајќи и одземање на нивното државјанство.

Осврнувајќи се на борбата против тероризмот, претседателот Ердоган напомена дека со тоа што поставува експлозивни направи секаде онаму каде што тоа не може да му дојде на ум ниту на ѓаволот, во куќите, собите, во светата книга Куран-и Керим и дури и во детски играчки терористичката организација докажа оти не располага со ништо човечко во себе.

Ердоган остро реагираше и на кукавичките планови на терористите во врска со што рече: „Секој оној кој ќе посегне по оваа татковина најпрвин нека погледне кон сметките кои што ги плативме ние илјадници години и нека ги фрли својот чекор согласно тоа. Имено тоа може да биде и неговиот последен чекор. Во име на мојот народ и како претседател на државата и јас го предизвикувам секој оној кој гаи лоши намери и претензии кон Република Турција.“

Претседателот Ердоган го даде знакот и на новиот чекор во борбата против тероризмот и рече: „Треба да бидеме одлучни за преземање на сите неопходни мерки против приврзаниците на терористичката организација, вклучувајќи го и одземањето на нивното државјанство.“

Ердоган беше дециден и по прашањето на процесот за решение во врска со што истакна дека оваа држава веќе нема што да разговара со терористите и дека таа работа веќе е завршена.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган реагираше и против паралелната структура и напомена дека за време на неговата последна остварена посета на САД се виде како оваа структура делува заедно со припадниците на сепаратистичките организации и ерменските банди.



Слични вести