Започна реадмисијата и размената на бегалците

Првата група од 32 сириски мигранти од двете групи од Турција кои беа испратена со авион, пристигна во германскиот град Хановер.

464958
Започна реадмисијата и размената на бегалците

Во рамките на договорот меѓу Турција и ЕУ што беше постигнат на 18 март, започна реадмисијата и размената на бегалците

За возврат на бегалците кои беа испратени од Грција во Турција, Турција ја испрати првата група сириски мигранти во Германија.

Првата група од 32 сириски мигранти од двете групи од Турција кои беа испратена со авион, пристигна во германскиот град Хановер.

Двете групи од аеродромот беа качени на автобуси и сместени во засолништето за бегалци Фридланд.

Сириските бегалци откако ќе ја поминат здравствената контрола и прегледи, најпрвин ќе бидат изложени на изучување на германскиот јазик, а по двонеделниот процес ќе бидат распоредени по градовите на провинцијата Долна Саксонија.

Во првата етапа се предвидува размена на 72 илјади сириски бегалци.

Согласно постигнатиот договор Германија ќе прифати 15 илјади бегалци.



Слични вести