Телефонски разговор меѓу Давутоглу и Столтенберг

Според добиени информации од Владини извори премиерот Ахмет Давутоглу и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа воделе телефонски разговор посветен на борбата против илегалната миграција

464188
Телефонски разговор меѓу Давутоглу и Столтенберг

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг посветен на борбата против илегалната миграција.

Според добиени информации од Владини извори премиерот Давутоглу и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа воделе телефонски разговор.

Во разговорот биле разменети детални мислења по прашањата на борбата против илегалната миграција во Егејското Море, борбата против тероризмот и последните случувања во Ирак, Сирија, Либија и Авганистан.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во телефонскиот разговор повторно го изразил своето сочувство за турските граѓани кои го загубија животот го последните реализирани терористички напади во Турција.

Освен тоа Столтенберг ја нагласил и силната поддршка на НАТО на ефикасните напори за Турција во борбата против тероризмот.



Слични вести