МНР: Генералниот конзулат во Мусул во Ирак бомбардиран со одобрение на Турција

Турското министерство за надворешни работи истакна дека Генералниот конзулат во Мусул беше бомбардиран со одобрение на Турција

463980
МНР: Генералниот конзулат во Мусул во Ирак бомбардиран со одобрение на Турција

Официјална Анкара истакна дека Генералниот конзулат во Мусул​ во Ирак беше бомбардиран од страна на воени авиони на земјите членки на меѓународните коалициони сили​ со одобрение на Турција.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи ​се вели дека бомбардирањето било извршено по добиени информации дека во Генералниот конзулат ​кој од 2014 година е запоседнат и окупиран од страна на терористичката организација ДЕАШ се сместени водачки личности на ДЕАШ.

Во соопштението се вели дека операцијата била реализирана во 03:00 часот според турско време и дека Турција била известена за сите фази на операцијата.

Освен тоа во соопштението се нагласува дека Турција ќе продолжи да работи во координација и соработка со меѓународната коалиција во борбата против терористичката организација ДЕАШ во која учествува уште од почетокот.



Слични вести