Нуман Куртулмуш: Во Турција има потреба од народен Устав

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека во Турција веќе нема потреба од Устав кој ќе ја штити државата од народот, туку има потреба од народен Устав

463857
Нуман Куртулмуш: Во Турција има потреба од народен Устав

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш во Младинскиот центар Хамидије во Истанбул учествуваше на програмата „Младите разговараат за новиот Устав“ во организација на Младинскиот оггранок на АК Партијата во Ќагитхане.

Куртулмуш својот говор го започна со изразување на своето сочувство за оние кои ги положија животите во борбата против тероризмот во последно време и рече: „Прашањето со тероризмот не се состои само од терористичката организација и нејзините акции со кои што се соочуваме.“

Нуман Куртулмуш напомена дека во Турција веќе нема потреба од Устав кој ќе ја штити државата од народот, туку има потреба од народен Устав со кој народот ќе ја обликува државата по сопствена волја.

Велејќи дека империјалистите кои излегоа како победници од војната пред еден век на луѓето кои најпрвин ги поделија на карта сега сакаат да ги распарчат и нивните умови и срца, а со тоа да ја распарчат и Турција како предводнички брод на оваа географија, Кутрулмуш рече: „Ова е вистината во позадината на бомбите кои експлодираат во Нусајбин и на зградите кои се креваат во воздух со рачно изработени бомби во Џизре или во Сур. Нема да западнеме во оваа игра.“

Нуман Куртулмуш напомена дека Турција има потреба од нов Устав и притоа ја објасни разликата помеѓу да се пишува и да се подготви Устав.

Куртулмуш тоа го образложи во склопот на четири прашања и првенствено даде одговор на прашањето „Зошто има потреба од нов Устав?“

Велејќи дека Турција досега не подготви, туку напиша Устав, потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш додаде дека всушност во тоа време беше преведено она што постоеше на Запад и Уставот беше напишан од страна на правниците од тоа време.



Слични вести