Синоќа терористите на ПКК извршија напад на Центарот за воена регрутација во Кизилтепе кај Мардин

Во експлозијата загина 1, додека 11 лица беа повредени од кои 2 војници и 3 деца

463086
Синоќа терористите на ПКК извршија напад на Центарот за воена регрутација во Кизилтепе кај Мардин

Синоќа терористите на ПКК извршија напад со возило натоварено со експлозив на Центарот за воена регрутација во Кизилтепе кај Мардин.

Терористите кои не можеа да влезат во центарот поради банкините пред Центарот, возилото го активираа пред зградата.

Во експлозијата загина 1, додека 11 лица беа повредени од кои 2 војници и 3 деца.

Повредените беа пренесени на лекување во болниците во Кизилтепе и Мардин.

Безбедносните сили по нападот презедоа сеопфатни безбедносни мерки.

Во меѓувреме продолжуваат операциите на безбедносните сили ширум целата земја.

Во операциите во Игдир беа уапсени 8, лица, а исто така беа запленети голем број оружје и муниција.

Во судирот со терористите во Хатај беше убиено одговорното лице на таканаречаната група Аманоси на терористичката организација.



Слични вести