Боздаг направи проценка на средбата „Ердоган - Обама“

Одвојувањето на терористичките организации само врз основа на имињата, целите или пак нивните акции, подразбира давање духовна поддршка на истите

463386
Боздаг направи проценка на средбата „Ердоган - Обама“

Министерот за правда Бекир Боздаг направи проценка на средбата „Ердоган - Обама“

На профилот преку Твитер, министерот Боздаг се осврна на критиките на одредени средини во врска со средбата и рече дека чувството на вознемиреност и непријатност само поради тоа што претседателот уживал во угледот може да се објасни со безумност.

Во освртот на борбата против тероризмот, министерот Боздаг рече дека одвојувањето на терористичките организации само врз основа на имињата, целите или пак нивните акции, подразбира давање духовна поддршка на истите. Без оглед на нивните имиња, цели и акции, сите терористички организации се непријатели на човештвото и треба да се вбројат меѓу брутални организации. Како што во историјата нема ниту еден успех постигнат со тероризмот, исто така нема ниту една терористичка организација која ги постигнала своите цели. Нема да има и во иднина. Сите оние терористички организации и нивните поддржувачи кои што извршиле акции во Турција, како до денес така и во иднина нема да успеат во остварувањето на ниту една цел, рече Бзодаг.



Слични вести