Премиерот Давутоглу во посета на Дијарбакир

Премиерот Давутоглу првин ја посети населбата Сур каде се при крај операциите за чистење на населбата од терористичките легла и терористите

462878
Премиерот Давутоглу во посета на Дијарбакир

Премиерот Ахмет Давутоглу денес престојува во посета на градот Дијарбакир кој даде 7 жртви во вчерашниот бомбашки напад на полициски возило реализирано од страна на терористичката организација ПКК.

Премиерот Давутоглу првин ја посети населбата Сур каде се при крај операциите за чистење на населбата од терористичките легла и терористите.

Давутоглу на насобраните граѓани на Сур им се обрати со следните зборови: денес на пат кон Дијарбакир доаѓав со чувство на љубов кон Дијарбакир и неговите граѓани, но вчера терористите поставија бомба на нашата средба со цел да ги уништат нашите обострани чувства на љубов. Жртви на таа бомба беа 7 невини животи.

Тие најверојатно мислат дека ќе не уплашат со експлозиите на бомби и дека ќе посеат семиња на непријателство и омраза меѓу нас.Но нема да успеат во тоа и нема да дозволиме да не разединат.

Премиерот Давутоглу после говорот пред насобраните граѓани на Сур тргна во обиколка на чаршијата и се задржа во кус разговор со занаетчиите и ситните трговци.



Слични вести