Давутоглу на 6 април во посета на Финска

Давутоглу во Финска ќе отпатува по покана на финскиот премиер Јуха Сипила

462898
Давутоглу на 6 април во посета на Финска

По покана на премиерот на Финска Јуха Сипила премиерот Ахмет Давутоглу на 6 април ќе отпатува во посета на оваа скандинавска земја, соопштуваат извори блиски до кабинетот на премиерот Давутоглу.

Во Хелсинки премиерот Давутоглу ќе реализира средби со претседателот Саули Нинисто, својот домаќин и колега премиерот Јуха Сипила, претседателот на финскиот парламент Мариа Лохела и претставници на турско-финските бизнис кругови.

Политичките аналитичари истакнуваат дека официјалната посета на премиерот Ахмет Давутоглу на Финска ќе послужи за јакнење на традиционалните односи меѓу двете пријателски земји како и за размена на мислења и искуства за реализација на заедничкиот проект „ Посредничка мисија за мир“ .



Слични вести