Претседателот Ердоган во Вашингтон го прими државниот секретар Кери

На разговорите беа разменети мислења во врска со последните терористички напади во Турција и Белгија, односите со Евреите, односите меѓу САД, Израел и Турција, состојбата на Палестина, односите меѓу Турција и ЕУ, бегалското прашање, антисемитизмот

461736
Претседателот Ердоган во Вашингтон го прими државниот секретар Кери

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој по повод Самитот за нуклеарна безбедност престојува во посета на Вашингтон, во рамките на средбите го прими американскиот државен секретар Џон Кери.

Во врска со средбата која се одржа во резиденцијата на амбасадата на РТ во Вашингтон, не беше објавено соопштение околу содржината на разговорите.

На приемот учествуваа министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, потсекретарот на Министерството за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, амбасадорот на РТ во Вашингтон Сердар Килич и заемник генералниот секретар на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин како и специјалниот претставник на претседателот Барак Обама за борбата против ДЕАШ Брет Мекгурк и помошник-државниот секретар на САД за надворешни работи Викторија Нуланд.

Претседателот Ердоган пред средбата со Кери ги прими претставниците на еврејските здруженија и организации.

На разговорите беа разменети мислења во врска со последните терористички напади во Турција и Белгија, односите со Евреите, односите меѓу САД, Израел и Турција, состојбата на Палестина, односите меѓу Турција и ЕУ, бегалското прашање, антисемитизмот и исламофобијата.

Претседателот Ердоган во оваа прилика посочи на порастиот на расизмот на Запад и рече:

За жал, антисемитизмот, исламофобијата и непријателството кон странците (ксенофобијата) од надворешната страна постепено се насочуваат кон јадрото на политиката. Затоа еден од основните предуслови за тоа е водење заедничка борба, рече Ердоган.

Претставниците на еврејските здруженија и организации на средбата истакнаа дека информациите во врска со прекршувањето на Харем ел Шериф во Ерусалим се дезинформации, додека претседателот Ердоган на тоа одговори дека според информациите што ги поседува Турција, станува збор за спротивни случувања на нивните тврдења.

Во меѓувреме, претставниците на еврејските здруженија и организации изразија благодарност за претпазливоста и ангажираноста која беше покажа за време на пренесувањето на посмртните остатоци на израелските граѓани кои загинаа во терористичките напади во Истанбул.

По средбата со високите раководители на светските гиганти, претседателот Ердоган учествуваше на гала вечерата што беше приредена од страна на Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) и Агенцијата за инвестиции поддршка и промоција на Турција.

Во говорот во оваа прилика претседателот Ердоган се осврна на развојот на турската економија и упати повик до претставниците на деловните средни да инвестираат во Турција.

До денес ниту еден од инвеститорите во Турција ниту се кае ниту може да се пожали.

Надоврзувајќи се на неповолното влијание на случувањата во регионот, претседателот Ердоган рече:

Сите тие не можат да го спречат патот по кој решително чекори Турција за остварување на предвидените цели. Никогаш нема да дозволиме тероризмот да нанесе и предизвика штета на демократијата, економијата и јавниот ред и мир.

Претседателот Ердоган се осврна и на Трансатлантскиот договор кој се планира да се потпише меѓу САД и ЕУ, потенцирајќи дека Турција не треба да се изолира од овој процес. За надминување на неправдите во земјата, изразуваме желба за соработка со САД. Спремни сме да ја преземеме потребните обврски и гаранции, рече Ердоган.



Слични вести