Повик од Емине Ердоган за меѓународна мобилизација за сириските бегалци

Случувањата во Сирија, Емине Ердоган ги оцени како „хуманитарна криза“

461987
Повик од Емине Ердоган за меѓународна мобилизација за сириските бегалци

Сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Емине Ердоган Во Вашингтон упати повик за меѓународна мобилизација за сириските бегалци.

Во говорот што го одржа на конференцијата на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА посветена на сириските бегалци, Емине Ердоган алудираше на зборовите на претседателот Обама кој рече дека миграциите се приказната за раѓањето на Америка. Емине Ердоган подвлече дека совеста е единствениот клуч кој може да ги отвори портите на валканата политика.

Случувањата во Сирија, Емине Ердоган ги оцени како „хуманитарна криза“ и рече дека милиони лица кои бегаат од зулумите на еден тиранин, за жал сеуште не наидоа на милосрдие во овој голем свет.

Госпоѓа Емине Ердоган во говорот се осврна на политиката на отворена врата и рече:

Ние за нив го употребуваме терминот гости, а не бегалци или мигранти и упати повик до западниот свет да покаже поголема совесност и милосрдие.

На дневниот ред на говорот на Емине Ердоган се најде и тероризмот. Посочувајќи на димензиите на меѓународната опасност, Емине Ердоган упати апел до целиот свет.

Терористичките напади за нас во Мадрид, Лондон, Париз и Брисел, немаат никаква разлика од оние во Истанбул и Анкара. Без оглед од чија страна е извршен, изворот на тероризмот е ист. Сите оние кои што ги вршат овие напади, претставуваат одраз на мрачните сили кои употребуваат лик на човек.



Слични вести