Телефонски разговор меѓу Давутоглу и Бан Ки-мун посветен на Либија

Премиерот Давутоглу оствари теелфонски разговор со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун посветен на Либија и Светскиот хуманитарен самит што ќе се одржи на 23 и 24 мај во Истанбул

460958
Телефонски разговор меѓу Давутоглу и Бан Ки-мун посветен на Либија

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Во телефонскиот разговор Бан Ки-мун го инофрмираше премиерот Давутоглу во врска со разговорите кои што ги води во последните денови по прашањето на Либија и изрази желба за продолжување на придонесите кои што ги дава Турција на работите во насока на воспоставување на стабилноста во Либија.

Премиерот Ахмет Давутоглу исто така нагласи дека Турција ќе ја продолжи силно својата поддршка и иницијативите за воспоставување на политичкото единство, стабилноста и безбедноста во Либија, а исто така напомена дека ќе продолжи и меѓународната соработка во борбата против терористичката организација ДЕАШ која претставува закана за оваа земја.

Освен тоа во телефонскиот разговор стана збор и за деталите на Светскиот хуманитарен самит што ќе се одржи на 23 и 24 мај во Истанбул.



Слични вести