Претседателот Ердоган ќе оствари неформална средба со Обама во Вашингтон

Белата куќа соопшти дека ќе биде остварена неформална средба помеѓу претседателот Барак Обама и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод Самитот за нуклеарна безбедност престојува во посета на Вашингтон

461179
Претседателот Ердоган ќе оствари неформална средба со Обама во Вашингтон

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган престојува во посета на САД каде што во Вашингтон ќе учествува на Самитот за нуклеарна безбедност што ќе се одржи на 31 март и 1 април, свечено ќе го отвори Турско-американскиот културен и цивилизациски центар, а ќе оствари и низа средби и разговори со претставници на тинк-тенк здруженија и академици.

Белата куќа соопшти дека за време на посетата на претседателот Ердоган ќе биде остварена и неформална средба со претседателот Барак Обама.

Потоа пристигна изјава и од портпаролот на Белата куќа Џош Ернест кој привлече внимание дека тоа што двајцата претседатели Ердоган и Обама не остваруваат официјална средба не претставува став против Ердоган.

Ернест потсети дека на Самитот за нуклеарна безбедност учествуваат повеќе од 50 лидери и рече дека претседателот Ердоган ќе оствари средба и со американскиот потпретседател Џо Бајден.



Слични вести