Хаштаг за поддршка на претседателот Ердоган преку Твитер „#WeLoveErdogan"

Хаштагот на социјалната мрежа Твитер „#WeLoveErdogan"​ започнат од страна на граѓаните за поддршка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган буди голема заинтересираност

460924
Хаштаг за поддршка на претседателот Ердоган преку Твитер „#WeLoveErdogan"

Хаштагот на социјалната мрежа Твитер „#WeLoveErdogan" започнат од страна на граѓаните за поддршка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган буди голема заинтересираност.

По заминувањето на претседателот Ердоган за САД на Твитер беше отворен Хаштаг на англиски „#WeLoveErdogan" (Го сакаме Ердоган).

Хаштагот за кусо време стана „трендинг топик“.

Приближно 100 илјади корисници на Твитер меѓу кои и потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за правда Бекир Боздаг под Хаштагот „#WeLoveErdogan" споделија видеа, фотографии и зборови на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Меѓу пораките на турски и англиски јазик внимание привлекуваат изрази како „Америка да види лидер“, „Мојата земја, мојот лидер“, „Светскиот лидер, претседателот на народот во Америка“.

Кампањата за поддршка на Ердоган се искачи на прво место на дневниот ред на Турција на социјалната мрежа Твитер и на трето место во светот.



Слични вести