Турција и Јордан склучија 10 договори за соработка во низа сфери

За време на еднодневната официјална посета на премиерот Ахмет Давутоглу на Аман беа потпишани 10 договори за соработка помеѓу Турција и Јордан во низа сфери на чело со економијата

459572
Турција и Јордан склучија 10 договори за соработка во низа сфери

Премиерот Ахмет Давутоглу во рамките на својата вчерашна еднодневна официјална посета на Јордан оствари низа средби и разговори.

Давутоглу се состана со јорданскиот крал Абдулах и со својот јордански колега Абдулах Енсур.

На средбите на преден план се појавија прашања како што се случувањата во Палестина и соработката во борбата против тероризмот.

Премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека Турција е подготвена да направи се што е во нејзина можност за одбрана на правата на Палестинците.

Правејќи проценка и на случувањата во регионот Давутоглу привлече внимание кон терористичките активности во врска со што подвлече дека Турција и Јордан презентираат заеднички став против тероризмот на ДЕАШ во Сирија и Ирак, а воедно истакна дека двете земји посакуваат да се зачува територијалниот интегритет на Ирак и Сирија и да се воспостави стабилноста во регионот.

Во рамките на посетата беа фрлени значајни чекои и по прашањето на соработката помеѓу Турција и Јордан во врска со што беа потпишани 10 договори за соработка во низа сфери на чело со економијата.

Премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека по потпишаниот Договор за слободна трговија во 2009 година обемот на трговската соработка помеѓу Турција и Јордан се зголеми за два пати и достигна до една милијарда долари, а исто така рече дека целосно е уверен дека оваа трговска соработка помеѓу двете земји ќе се развие уште повеќе.

Во делот од разговорите во сферата на економијата за време на посетата на премиерот Ахмет Давутоглу на Јордан беше одржан и бизнис форум на кој освен турски и јордански бизнисмени учествуваа и двајцата премиери Давутоглу и Енсур.

Во оваа прилика премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека ќе бидат целосно кренати економските бариери помеѓу двете земји и посака од стопанствениците обемот на трговската соработка да го зголемат на 5 милијарди долари.

Премиерот Давутоглу учествуваше и на свеченото отворање на канцеларијата на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Аман.

Освен тоа во рамките на своите средби и разговори премиерот Давутоглу се состана и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кој исто така престојуваше во посета на Јордан.

На средбата која траеше приближно 30 минути беше разговарано за подготовките за Светскиот хуманитарен самит што ќе се одржи во Турција.

Исто така на дневен ред на средбата помеѓу Давутоглу и Бан Ки-мун беа и состојбата до која е дојдено во преговорите во Женева посветени на иднината на Сирија, мерките кои што ќе бидат преземени меѓу Турција и ЕУ во врска со илегалната миграција и чекорите кои што се фрлаат во Турција за обезбедување на просперитетот на бегалците.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун​ го достави своето сочувство до премиерот Давутоглу за жртвите во терористичките напади во Турција.



Слични вести