Сочувство од премиерот Давутоглу до Наваз Шериф

Премиерот Давутоглу го изрази своето сочувство до пакистанскиот премиер Наваз Шериф поради терористичкиот напад во Лахор во кој животот го загубија над 70 лица, а над 300 лица беа повредени

460065
Сочувство од премиерот Давутоглу до Наваз Шериф

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Наваз Шериф до кого го изрази своето сочувство поради терористичкиот напад во Лахор, главниот град на провинцијата Пенџаб во Пакистан.

Според добиени информации од владини извори, Давутоглу во телефонскиот разговор го осуди терористичкиот напад во кој животот го загубија повеќе од 70 лица, а над 300 лица беа повредени и рече дека ја споделува болката на братски Пакистан.

Премиерот Ахмет Давутоглу во име на премиерот Наваз Шериф го достави своето сочувство до пакистанскиот народ и нагласи дека Турција стои покрај Пакистан во неговата борба против тероризмот.

Пакистанскиот премиер Наваз Шериф пак му се заблагодари на премиерот Давутоглу и повтори дека ги осудува терористичките напади во Турција.

Наваз Шериф истакна дека е сигурен оти Пакистан и Турција со заедничка сила ќе го поразат тероризмот.

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор и со премиерот на провинцијата Пенџаб Шахбаз Шероф до кого исто така го изрази своето сочувство и ја достави солидарноста на Турција со Пакистан.



Слични вести