Турција и Јордан потпишаа низа договори за соработка во различни сфери

Во присуство на премиерот Ахмет Давутоглу и јорданскиот премиер Абдулах Енсур беа потпишани низа договори за соработка помеѓу двете земји во различни сфери

459356
Турција и Јордан потпишаа низа договори за соработка во различни сфери

Во рамките на официјалната посета на премиерот Ахмет Давутоглу на Јордан во присуство на премиерите на двете земји Давутоглу и Абдулах Енсур беа потпишани низа билатерални договори за соработка помеѓу двете земји во различни сфери на чело со економијата и трговијата.

Двајцата премиери Ахмет Давутоглу и Абдулах Енсур по остварената средба лице в лице во владината зграда во Аман претседаваа со разговорите помеѓу делегациите на двете земји.

По разговорите се премина на церемонијата на свечено потпишување на договори за соработка помеѓу двете земји во различни сфери.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и јорданскиот министер за труд Нидал Катамине ставија потпис на договорот за соработка во сферата на трудот, социјалната заштита и вработувањето.

Министерот за економија Мустафа Елиташ и јорданскиот министер за индустрија, трговија и снабдување Маха Али го потпишаа договорот за соработка во сферата на мерките во индустриските и трговските политики.

Министерот за економија Мустафа Елиташ и претседателот на комисијата за инвестирање на Јордан Табет ал-Вир ставија потпис на договорот за поттикнување и заштита на обостраните инвестирања помеѓу двете земји.

Од страна на министерот за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу и јорданскиот министер за транспорт Ајман Хатахет беше потпишан договор за соработка во сферата на метеорологијата, а министерот Ероглу и јорданскиот министер за земјоделство Акеф ал-Зуби ставија потпис на договорот за соработка во сферата на шумарството.

Министерот за транспорт, поморство и комуникација Бинали Јилдирим и јорданскиот министер за транспорт Ајман Хатахет го потпишаа договорот за соработка во воздушниот транспорт.

Претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) Сердар Чам и генералниот директор на јорданските железници Салах ал-Лози ставија потпис на договорот за реставрација на железничката станица на Железничката линија Хиџаз и за изградба на музеј посветен на оваа пруга.

Потпретседателот на Институтот Јунус Емре Шереф Атеш и ректорот на Универзитетот Јармук Рефат ал-Фаури потпишаа договор за соработка во туркологијата.

Беше потпишан договор за соработка и помеѓу новинската агенција Анадолија и јорданската новинска агенција Петра. Потписите на овој договор беа ставени од страна на заменикот генерален директор и главен и одговорен уредник на новинската агенција Анадолија Метин Мутаноглу и генералниот директор на јорданската новинска агенција Петра Фаисал ал-Шбул.



Слични вести