„Северните делови на Ирак и Сирија претставуваат безбедносен ризик за Турција“

Премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека сите региони северно од линијата Мусул-Алепо, во северните делови на Ирак и Сирија претставуваат безбедносен ризик за Турција

458962
„Северните делови на Ирак и Сирија претставуваат безбедносен ризик за Турција“

Премиерот Ахмет Давутоглу пред да отпатува за Јордан во Државниот дом на аеродромот Ататурк во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелниот дневен ред.

Во врска со присуството на турската војска во Ирак премиерот Давутоглу нагласи дека сите региони северно од линијата Мусул-Алепо, во северните делови на Ирак и Сирија, претставуваат безбедносен ризик за Турција.

Давутоглу рече: „Секоја празнина северно од Мусул во Ирак и северно од Алепо во Сирија се пополнува или од страна на терористичката организација ДЕАШ или од страна на терористичката организација ПКК. За да не дојде до оваа празнина присуството на нашите вооружени сили во тие региони претставува поддршка на ирачката влада во Ирак и е во насока на обезбедување на безбедносните потреби на Турција.“

„Се додека на оваа линија останат сите оние елементи кои и се закануваат на Турција, се додека тие елементи го продолжат нивното тамошно присуство и Турција ќе го продолжи своето воено присуство во тие рагиони и ќе го одржиме нашиот капацитет за пресретнување на многу понајуг на евентуалните закани насочени против нашите граници.“ - подвлече премиерот Давутоглу.

Премиерот Давутоглу истакна дека во Јордан ќе се стекне со можност за детално разгледување и на последните случувања во Сирија и Ирак.

Велејќи дека Јордан поради тоа што е директно поврзан со палестинскиот народ на чело со приблемот во врска со Ерусалим е земја која располага со специјално значење, Давутоглу рече: „Ние како земја која секаде во светот застанува во одбрана на палестинското прашање со консултациите кои што ќе ги оствариме со Јордан во смисла на директен соговорник по ова прашање секогаш ќе го одржиме на дневен ред палестинското прашање.“

Премиерот Ахмет Давутоглу направи проценка и во врска со учеството на конзулатите на неколку земји на судскиот претрес на новинарите Џан Дундар и Ѓул Ердем кои се обвинуваат за шпионажа со фалсификувани документи.

Давутоглу рече: „Создавањето на една поинаква атмосфера во судските претреси од страна на дипломатските претставници не е правилно од аспект на независноста на судството.“



Слични вести