Претседателот Ердоган од 29 март до 2 април во посета на САД

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во периодот од 29 март до 2 април ќе престојува во посета на САД

458999
Претседателот Ердоган од 29 март до 2 април во посета на САД

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ќе отпатува во посета на САД каде што во периодот од 29 март до 2 април ќе учествува на деловните состаноци на Владината агенција за инвестирање, поддршка и промоција, Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) и Турско-американскиот деловен совет.

Претседателот Ердоган за време на оваа своја посета ќе одржи состанок и со високите функционери на 25 големи американски компании од кои ќе добие ветување за инвестирање во Турција од над 1 милијарда долари.

На дневен ред на посетата на Ердоган ќе се најдат и значајните рефлектирања на американските инвеститори кон Турција.

Ефикасната и одлучна политика што ја продолжува Турција веќе 13 години овозможи постепен раст на директните меѓународни инвестиции.

На состаноците на кои претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе се состане со претседателите и извршните директори на водечките мултинационални компании на САД ќе биде претставено на највисоко ниво и поддршката што ја обезбедува Турција за меѓународните инвеститори.

Во тие рамки постои голема заинтересираност и желба кај американските компании за средба со претседателот Ердоган.

Американските компании се во интензивен контакт со турските компании во однос на проекти за инвестирање во Турција во различни сектори, а особено во сектори како што се енергијата, воздухопловството, храната, информатиката, здравството и машинската индустрија.

Така во рамките на оваа посета на САД, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува и на Самитот за нуклеарна безбедност при што ќе оствари средби и во оваа сфера.



Слични вести