Премиерот Давутоглу се состана со својот јордански колега Енсур

Во рамките на официјалните разговори во Аман премиерот Ахмет Давутоглу се состана со својот јордански колега Абдулах Енсур и делегацијата во негова придружба

459263
Премиерот Давутоглу се состана со својот јордански колега Енсур
davutoğlu ürdün3.jpg

Премиерот Ахмет Давутоглу престојува во посета на Јордан.

Прва станица на Давутоглу во главниот град на Јордан, Аман беше владината зграда каде што беше дочекан од страна на јорданскиот премиер Абдулах Енсур и му беше приредена официјална церемонија.

Во рамките на официјалните разговори во Аман премиерот Ахмет Давутоглу се состана со својот јордански колега Абдулах Енсур и делегацијата во негова придружба.

На средбата особено беа поставени на маса проекти во правец на зголемување на обемот на трговската соработка помеѓу двете земји.

На средбата на која обемно беа разгледани можностите за соработка со Јордан премиерот Ахмет Давутоглу се осврна на значењето на Договорот за слободна трговија помеѓу двете земји кој беше потпишан во 2009 година.

Давутоглу истакна дека со овој договор обемот на трговската соработка помеѓу двете земји се зголеми за два пати и денеска достигна до 1 милијарда долари.

Осврнувајќи се и на желбата на турските инвеститори за поголеми инвестирања во Јордан, Давутоглу напомена дека вистинскиот проблем е транспортот.

Во тие рамки премиерот Давутоглу нагласи дека поради присутните проблеми во регионот, а особено оние предизвикани од кризата во Сирија повеќе од копнениот транспорт се посакува да се премине кон поморски транспорт.

Премиерот Ахмет Давутоглу потоа одржа заедничка конференција за претставниците на печатот со својот јордански колега Абдулах Енсур.

Во оваа прилика премиерот Давутоглу се осврна на случувањата во регионот и нагласи дека Турција и Јордан се во соработка по прашањето на зачувување на територијалниот интегритет на Ирак и Сирија.

Давутоглу рече: „Географската местоположба на Турција и Јордан се многу слични и ние сме соседи на две мошне критични земји во нашиот регион. Бегалците од Ирак и Сирија бегаат кон Турција и Јордан. Се обидуваме да изнајдеме поволни решенија за оваа човечка криза. Терористичките организации како ДЕАШ, ПЈД/ЈПГ му носат нестабилност на регионот. Се надеваме дека ќе можеме да изнајдеме стабилност за регионот после судирите. Освен тоа ние работиме заедно против тероризмот на ДЕАШ и сме рамо до рамо во Ирак и Сирија. Посакуваме да се зачува територијалниот интегритет на Ирак и Сирија и да завладее стабилност во регионот.“




Слични вести