Премиерот Ахмет Давутоглу престојува во посета на Јордан

Посетата на Давутоглу на Јордан за која се очекуваше да се оствари на 15 и 16 март беше одложена поради терористичкиот напад во Анкара

458966
Премиерот Ахмет Давутоглу престојува во посета на Јордан

Премиерот Ахмет Давутоглу допатува во посета на Јордан.

Посетата на Давутоглу на Јордан за која се очекуваше да се оствари на 15 и 16 март беше одложена поради терористичкиот напад во Анкара.

Во рамките на оваа своја посета која се остварува по 10 дена премиерот Ахмет Давутоглу ќе се состане со јорданскиот крал Абдулах и со премиерот Енсур.

Во политичкиот дел од посетата ќе стане збор за случувањата во регионот и прашања посветени на соработката пред проблемите како што се тероризмот и миграцијата.

Освен тоа помеѓу Турција и Јордан ќе бидат потпишани и 10 договори во правец на целта за зголемување на обемот на трговската соработка помеѓу двете земји.



Слични вести