Честитка од премиерот Давутоглу по повод Светскиот ден на театарот

Давутоглу рече: Од се срце им го честитам Светскиот ден на театарот на сите театарски работници и на сите љубители на уметноста на чело со нашите ценети театарски уметници

459378
Честитка од премиерот Давутоглу по повод Светскиот ден на театарот

Според објавеното соопштение од владиниот прес-центар премиерот Ахмет Давутоглу објави порака со честитка по повод Светскиот ден на театарот.

Давутоглу во пораката истакна дека Владата секогаш стои покрај уметноста и уметникот.

Премиерот Ахмет Давутоглу во пораката по повод Светскиот ден на театарот го напиша следното: „Нашата Влада ги реализира неопходните работи за заштита на нашите национални и универзални вредности и културни богатства и за нивно пренесување на идните поколенија. За нашата земја на патот на цивилизацијата ние како Влада ​сигурно ќе и придадеме многу поголемо значење на културната сфера. Со овие мисли посакувам уште повеќе да зајакне турскиот театар кој успешно го продолжува својот придонес на естетскиот и уметничкиот развој на нашата земја и кој располага со коренита традиција. Од се срце им го честитам Светскиот ден на театарот на сите театарски работници и на сите љубители на уметноста на чело со нашите ценети театарски уметници, на сите наши театарски уметници им ја доставувам мојата срдечна љубов.“



Слични вести