Честитка од Давутоглу по повод Велигден до граѓаните од католичка вероисповед

Премиерот Давутоглу во својата порака по повод католички Велигден напиша: Нашата најглавна задача е да ги зачуваме и одбраниме просперитетот и животот на сите наши граѓани во доверба и спокојство

459329
Честитка од Давутоглу по повод Велигден до граѓаните од католичка вероисповед

Според објавеното соопштение од владиниот прес-центар премиерот Ахмет Давутоглу објави порака во која им го честита Велигден на сите граѓани христијани од католичка вероисповед.

Давутоглу во својата порака напиша: „Нашата најглавна задача е да ги зачуваме и одбраниме просперитетот и животот на сите наши граѓани во доверба и спокојство.“

Премиерот Ахмет Давутоглу во продолжението од својата порака го истакна следното: „Им го честитам велигденскиот празник на нашите граѓани христијани од католичка вероисповед и посакувам да му донесе спокојство и мир на целото човештво, како и да ги зацврсти братството и единството. Муслиманите, христијаните и евреите на овие простори на кои живееме во текот на стотици години живеат во мир и спокојство. Нашата најглавна задача е да ги зачуваме и одбраниме просперитетот и животот на сите наши граѓани во доверба и спокојство. Денеска во некои делови на светот се посакува да бидат распространети извесни мислења како што се исламофобијата, антисемитизмот и непријателството кон христијаните.“

Давутоглу укажа на тоа дека од друга страна во Турција стотици години на исто место се наоѓаат џамии, цркви и синагоги се уште стојат исправени на нозе, што пак како што нагласи претставува и се оценува како богатство на сиве овие различности.

Премиерот Ахмет Давутоглу во својата порака го додаде следното: „Нашата држава не прави никаква разлика меѓу своите граѓани, ги брани правата на секој свој граѓанин, како и неговото спокојство и неговата безбедност. Со овие мисли уште еднаш му го честитам велигденскиот празник на целиот христијански католички свет и на нашите граѓани христијани од католичка вероисповед. На сите наши граѓани им посакувам здравје.“



Слични вести