Во синоќешниот терористички напад во Дијарбакир загинаа 3 војници

Повредените војници беа префрлени на хоспитализација во воената болница на Дијарбаки

457853
Во синоќешниот терористички напад во Дијарбакир загинаа 3 војници

Во терористичкиот напад на ПКК со возило натоварено со експлозив на жандармериската караула Мермер загинаа 3, а 24 војници беа повредени.

Нападот се случи синоќа во 21 часот и 10 минути.

По силната експлозија, терористите отворија оган врз безбедносните сили со пушки.

Војниците возвратија со оган и избувна вооружен судир.

По нападот, од Дијарбакитр беа испратени голем број амбулантни коли во караулата во која беа повредени војниците.

Повредените војници беа префрлени на хоспитализација во воената болница на Дијарбакир, додека на местото на судирите беше испратено засилување.

Вендаш по нападот беше затворен патот Дијарбакир – Бинѓол.



Слични вести