Телефонски разговор меѓу Давутоглу и Меркел

Давутоглу и Меркел остварија телефонски разговор посветен на терористичките напади во Турција и Брисел и на договорот за бегалци меѓу Турција и ЕУ

457035
Телефонски разговор меѓу Давутоглу и Меркел

Премиерот Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел остварија телефонски разговор.

Во разговорот двајцата премиери уште еднаш ги осудија кукавичките терористички напади во Турција и Брисел.

Давутоглу и Меркел привлекоа внимание дека постигнатиот договор на самитот меѓу Турција и ЕУ треба да се применува во духот на солидарност.

Според добиени информации од владини извори телефонскиот разговор беше остварен на барање на германската канцеларка Ангела Меркел.

Во разговорот и Давутоглу и Меркел ги осудија терористичките напади во Брисел и го нагласија значењето од продолжување со одлучност на борбата против тероризмот во соработка.

На дневен ред на разговорот на двајцата премиери се најде и постигнатиот договор на одржаниот самит меѓу Турција и ЕУ во Брисел.

Притоа Давутоглу и Меркел подвлекоа дека договорот претставува голема шанса за спречување на илегалната миграција и смртта на недолжните луѓе, а воедно напоменаа дека сите страни треба да ја продолжат соработката во духот на солидарност.



Слични вести