Порака за благодарност од Давутоглу на босански: Хвала ти Босно и Херцеговино

Во знак на поддршка на Турција зградата на Домот за заседавање на градот Сараево (библиотеката Вијечница), едниот од најзначајните симболи на Сарево беше осветлена со турско знаме

457421
Порака за благодарност од Давутоглу на босански: Хвала ти Босно и Херцеговино

Премиерот Ахмет Давутоглу и се заблагодари на Босна и Херцеговина која по терористичките напади истакна дека стои покрај Турција.

Давутоглу и се заблагодари на Босна и Херцеговина каде што во знак на поддршка на Турција која во последно време е подложена на терористички напади зградата на Домот за заседавање на градот Сараево (библиотеката Вијечница), едниот од најзначајните симболи на Сарево беше осветлена со турско знаме.

Премиерот Давутоглу во пораката што ја испрати преку Твитер го напиша следното: „По терористичките напади добивме голем број пораки со поддршка. Најзначајната од нив пристигна од Сараево, кој ни е оставен во аманет од страна на покојниот Алија, зеницата во нашето око.“

Во пораката на Давутоглу беше споделена и фотографијата на зградата од Домот за заседавање на градот Сараево (Вијечница) осветлена со турско знаме.

Премиерот Ахмет Давутоглу на Бошњаците им се заблагодари со зборовите „Аллах еманет Сараево.“



Слични вести