ПКК присилно собира по едно машко дете од сите куќи во областа

Семејствата почнаа да се обраќаат за помош до Губерниите и полицијата со цел да се спречи искористувањето на нивните деца од страна на терористичката организација во лоши цели

457330
ПКК присилно собира по едно машко дете од сите куќи во областа

По објавувањето на декларацијата за наводна автономија, терористичката организација ПКК која изгуби стотици припадници во Џизре, Сур и Силопи, сега почна да собира по едно машко дете од сите куќи во областа.

По терористичките напади на 17 февруари и 13 март во Анкара, во период кога се зголемуваат реакциите против терористичката организација ПКК, цел на насилствата на истата организација е народот на областа кој не му пружа поддршка.

Терористичката организација која илјадници луѓе во Сур, Баглар, Силопи и Џизре натера да ги напуштат куќите сега се насочи кон децата.

Како резултат на тешкиот удар и загуби на кои беше изложена терористичката организација во операциите не безбедносните сили, со цел да придобие поголем број приврзаници, почна да им се заканува на граѓаните.

Некои семејства кои сакаат да ги спасат од крвавите канџи на терористичката организација која врши пропаганда во шаторите за сочувство па дури и џамиите, за помош се обратија до Министерството за внатрешни работи.

Семејствата почнаа да се обраќаат за помош до Губерниите и полицијата со цел да се спречи искористувањето на нивните деца од страна на терористичката организација во лоши цели.

Младинската организација ЈДГ-Х на терористичката организација ПКК ги присилува малите деца да вршат терористички кации.

Терористите присилно ги земаат децата од нивните домови и ги тераат да формираат барикади, потоа ги тераат во првите редови, а самите се кријат зад нив. Децата ги користат како жив штит.

Децата од 14 до 17 годишна возраст присилно е земаат од семејствата и се пренесуваат на обучување во терористичките кампови на ПКК.



Слични вести