Кизилај продолжува да доставува помош на Мадаја

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ продолжува да му доставува помош на народот во Мадаја каде што 40 илјади лица живеат под опсада на режимот на Асад

457656
Кизилај продолжува да доставува помош на Мадаја

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ продолжува да доставува хуманитарна помош за народот во Мадаја кој се наоѓа под опасада на сирискиот режим.

Во објавеното соопштение од турската Црвена полумесечина „Кизилај“ се истакнува дека работите за доставување хуманитарна помош се реализираат во соработка со локалните граѓански организации.

Во соопштението се вели дека бил подготвен список на семејства кои имаат најголема потреба од помош во Мадаја каде што 40 илјади лица живеат под опсада и се истакнува дека на овие семејства им се доставуваат пакетите со помош со основни потреби за живот.

Во истото соопштение се додава дека турската Црвена полумесечина „Кизилај“ утврдила приближно 200 семејства со повеќе од по 6 члена на кои им биле испратени пакети со помош во кои има млеко и храна за бебиња, шеќер, брашно, ориз, булгур, грав, конзерви риба, маслинки, салца, макарони и алва.



Слични вести