Турција и Романија се најдобри партнери на Балканот

Еден од напаѓачите во Брисел до јуни 2015 година беше фатен во Газиантеп и депортиран

457018
Турција и Романија се најдобри партнери на Балканот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателската резиденција се состана со претседателот на Романија Клаус Иоханис.

Претседателот Ердоган и романскиот претседател Иоханис по билатералните средби учествуваа на разговорите меѓу делегациите.

По разговорите, двајцата претседатели одржаа заедничка прес конференција,

Претседателот Ердоган во оваа прилика рече дека Турција и Романија се најдобри партнери на Балканот. Еден од напаѓачите во Брисел лани во јуни 2015 година беше фатен во Газиантеп и депортиран. Но за жал белгиските власти го пуштија на слобода. Покрај нашите предупредувања, Белгија не можеше да ја утврди поврзаноста на ова лице со тероризмот, рече Ердоган.

Верувам дека ако светската политика изнајде сили да се обедини против тероризмот, тогаш заедно можеме да го решиме овој проблем. Затоа светот треба повторно да го редефинира тероризмот и терористите.



Слични вести