ТИКА почна со изградбата на 320 станбени објекти во Газа

Станбените објекти ќе се изградат во селото „Долината Газа“

456921
ТИКА почна со изградбата на 320 станбени објекти во Газа

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) почна со остварувањето на проектот кој опфаќа изградба на 320 станбени објекти за Палестинците чии куќи беа срушени во израелскиот напад на Газа во 2014 година.

Денес во Газа, меѓу ТИКА и Министерството за населување и инфраструктура на Палестина беше потпишан договор за соработка. Координатоторот на ТИКА за Палестина Булент Коркмаз во говорот по свеченото потпишување на договорот, рече дека започнале со остварувањето на проектот за изградба на 320 станбени објекти чија вредност изнесува 13 милиони долари.

Станбените објекти ќе се изградат во селото „Долината Газа“, рече Коркмаз и додаде дека целна група на изградбата на станбените објекти се семејствата кои ги загубија блиските во израелските напади. Проектот ќе се реализира на површина од 20 илјади метри квадратни и ќе се состои од 20 блокови.

Палестинскиот министер за населување и инфраструктура Муфид Хасајине изрази благодарност на ТИКА за поддршката и рече дека изградбата на станбените објекти претставува одраз на поддршката на Турција на Газа и потврда за спротивставувањето на израелската блокада.



Слични вести