Од Давутоглу до Западот: ПЈД е подла и варварска исто колку и ДЕАШ

Премиерот Ахмет Давутоглу го критикуваше западниот свет кој применува дволичен став пред терористичките напади

456729
Од Давутоглу до Западот: ПЈД е подла и варварска исто колку и ДЕАШ

Премиерот Ахмет Давутоглу говореше на состанокот на претседателите на градските ограноци на АК Партијата во проширен состав при што се осврна и на терористичките напади во Брисел.

Давутоглу им се заблагодари на западните интелектуалци и новинари кои го поставуваат прашањето „Зошто покажаната солидарност против нападите во Брисел не се покажува кон турскиот народ?“.

Нагласувајќи дека голем број интелектуалци привлекуваат внимание кон солидарноста во Европа по нападите во Брисел, Давутоглу се заблагодари за самокритиката на истите интелектуалци околу тоа дека истото чувство на солидарност не беше покажана по терористичкиот напад во Анкара.

Премиерот Ахмет Давутоглу го критикуваше и западниот свет кој применува дволичен став пред терористичките напади и рече. „Од овде и се обраќам на меѓународната заедница која не знае како да и угоди на терористичката организација ПЈД. Доколку не делува заедно со нас ПКК и ДЕАШ ќе се здружат и ќе продолжат да ги напаѓаат Турција и Европа. ПЈД и ЈПГ не се противотровот на ДЕАШ. И ПЈД е подла и варварска терористичка организација исто колку и ДЕАШ.“



Слични вести