Министерот за енергија Берат Албајрак во посета на Кина

Министерот за енергија и природни реурси Берат Албајрак во Пекинг се состана со директорот на кинеската национална администрација за енергија Нур Бекри

456884
Министерот за енергија Берат Албајрак во посета на Кина

Министерот за енергија и природни реурси Берат Албајрак кој вчера отпатува во посета на Кина каде што остварува средби и разговори со гигантски фирми во сферата на нуклеарната и обновливата енергија во рамките на своите разговори во Пекинг се состана со директорот на кинеската национална администрација за енергија Нур Бекри.

Албајрак подвлече дека по стапување на должност својата прва надворешна посета ја остварува на Кина и истакна дека Турција поради својата местоположба одигрува значајна улога на мост во енергетската сфера.

Појаснувајќи дека турската економија од 2002 година досега оствари економски раст дури од четити пати и својот извоз исто така го зголеми за четири пати, Албајрак напомена дека цел на Турција е да ги разноликува својата енергетска безбедност и енергетските извори.

Министерот Албајрак истакна дека со официјалната посета што претседателот Ердоган ја оствари на Кина минатата година двете земји се зближија уште повеќе во енергетската сфера така да лично се надева оти тоа ќе помогне во зајакнувањето на односите како помеѓу двете држави, така и помеѓу фирмите.

Министерот за енергија и природни реурси Берат Албајрак истакна дека во рамките на енергетската стратегија Турција им придава значење на нуклеарната и обновливата енергија, како и енергијата од јаглен.

Албајрак рече: „И придаваме значење на соработката со Кина и ќе се фокусираме на инвестиционата соработка.“

Директорот на кинеската национална администрација за енергија Нур Бекри подвлече дека односите помеѓу Турција и Кина располагаат со коренито минато и дека со обостраните посети на лидерите на двете земји минатата година беа остварени конструктивни резултати.

Министерот за енергија и природни реурси Берат Албајрак во рамките на своите средби и разговори во Пекинг ја посети и Инвестиционата фирма за национална енергија на Кина Ванг Бингуа.

Албајрак по остварените средби и разговори во Пекинг утре ќе замине за пристанишниот град Вејхај во источниот дел на Кина, а оттука ќе отпатува за градот Шангај последната станица од неговата посета по што на 25 март во петок ќе се врати Турција.

Берат Албајрак во Пекинг изјави за новинарите дека се работи на нов модел за достап на Турција до енергијата на најбрз, најефитин и најоптимален начин.

Привлекувајќи внимание кон многуте различни природни богатства на Турција како што се лежиштата за јаглен и енергиите од ветар и сонце, Албајрак нагласи дека постои раст и во капацитетот на производство на енергија.

Министерот Берат Албајрак рече: „Турција има потреба од поголема инсталирана моќ. Во рок од 10 години треба да формираме нов капацитет од 50 илјади мегавати. Во овој период ќе биде поставена на дневен ред инвестиција во енергијата во износ од 100 милијарди долари.“



Слични вести