„Ја предупредивме Белгија, но таа го ослободи терористот“

Претседателот Ердоган истакна дека едниот од извршителите на терористичките напади во Брисел во јуни 2015 година бил депортиран од Газиантеп за што биле предупредени и белгиските власти

457007
„Ја предупредивме Белгија, но таа го ослободи терористот“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган одржа заедничка конференција за претставниците на печатот со романскиот претседател Клаус Јоханес кој допатува во посета на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека едниот од извршителите на терористичките напади во белгискиот главен град Брисел во јуни 2015 година бил депортиран од Турција.

Ердоган рече: „Во врска со ова лице ги предупредивме белгиските функционери и ги известивме со нота, меѓутоа тие не можеа да ја утврдат неговата поврзаност со тероризмот. Овде дури се работи и за Холандија. На негово барање ние ова лице и го предадовме на Холандија. Со нота беше известена и оваа земја. Ова го изнесувам посебно и од аспект на чувствителноста на нашата земја.“

Подвлекувајќи дека некои земји кои по нападите во Брисел ги симнаа своите знамиња на половина јарбол истата чувствителност не ја покажаа пред терористичките напади во Турција, Ердоган нагласи дека доколку се покажува заеднички став против тероризмот не треба да се презентира различен став во зависност од тоа во која земја се случуваат овие напади.

Претседателот Ердоган рече: „Тоа е прашање за кое што постои потреба од меѓународен компромис. Односно тоа е принципиелност. Во последните 3 месеци Турција претрпе стотоци животи поради овие терористички напади. Оние кои во различни места го креваат светот на нозе оваа чувствителност не ја покажаа пред настаните во Турција. Згора на тоа има некои кои во моментов сакаат да ни достават различни совети во врска со операциите кои што се реализираат против терористичката организација во југоисточниот дел на земјата. Вакви видови операции реализираат сите земји во светот.“

Велејќи дека проблемот со тероризмот може да се реши само доколку светската политика ги преземе неопходните мерки, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Затоа светот треба наново да ги дефинира тероризмот, терористот и теророт.“

Во меѓувреме во врска со терористот кој од Турција и бил предаден на Белгија пристигна соопштение и од оваа земја.

Белгискиот министер за правда Коен Генс во изјавата за јавниот информативен сервис ВРТ истакна дека лицето по име Ибрахим Бакрави било фатен во Турција и депортирано за Холандија.

Белгискиот министер рече дека Бакрави кој бил во затвор поради извршено кривично дело кое не било поврзано со тероризмот бил условно пуштен на слобода и дека во тоа време не се знаело за неговата поврзаност со тероризмот.

Холандското министерство за правда исто така соопшти дека прашањето се истражува.

Во меѓувреме, извори на турското министерство за надворешни работи соопштија дека лицето на кое укажа претседателот Ердоган е по име Ибрахим ал Бакрави кој загина во терористичките напади во Брисел.



Слични вести