Премиерот Ахмет Давутоглу ги осуди терористичките напади во Брисел

Го повикувам целото човештво да преземеме заеднички активности во борбата против глобалниот тероризам, терористичките организации ДЕАШ, ПКК, ДХКП-Џ и сите видови тероризам

456023
Премиерот Ахмет Давутоглу ги осуди терористичките напади во Брисел

Во говорот на неделниот состанок на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП) во Големото национално собрание на Турција, премиерот Давутоглу рече.

Го повикувам целото човештво да преземеме заеднички активности во борбата против глобалниот тероризам, терористичките организации ДЕАШ, ПКК, ДХКП-Џ и сите видови тероризам.

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Волкан Бозкир изрази жалење поради немилиот настан во Брисел и изрази сочувство.

За спречување на овие закани ја повикувам цела Европа да преземе заеднички став против заканите, рече Бозкир.

Моментално се наоѓаме во една таква фаза да не можеме да кажеме. За жал ви рековме дека сме в право. Ниту една земја не би требало да го каже тоа. Сите заедно треба да преземеме заеднички мерки и санкции за спречување на заканите врз човечките животи. Единствено на тој начин можеме да ги надминеме овие проблеми.

На блиските на загинатите им изразувам сочувство, а на повредените посакувам што побргу да оздрават, рече Бозкир и потенцираше дека како министер и граѓанин на земја која најдобро може да го разбере терористичкиот чин, чувствувам големо жалење.

Волкан Бозкир во продолжение рече дека извор на тероризмот и илегалните миграции во последно време е Сирија, поради што се налага неминовна потреба за што поскоро решавање на сириското прашање.

Во меѓувреме, турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс соопшти дека летот Истанбул – Брисел го пренасочи за Амстердам, а вториот лет го одложи.



Слични вести